„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Младиот Гарначо испиша историја за Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 0-1 во натпревар од последното коло во групната фаза во Лигата на Европа. И покрај победата „црвените-ѓаволи“ сепак поради послабата гол-разлика завршија зад тимот од „Сан Себастијан“ на табелата во групата Е.

Стрелец на погодокот за „црвените-ѓаволи“ беше младиот Аргентинец Алехандро Гарначо. Гарначо со овој погодок стана најмладиот фудбалер на клубот од „Олд трафорд“ кој не е Англичанец што постигнал го во европските натпреварувања.

 

Се вчитува...