„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – На Чави му успеа нешто што не можеа да го направат и Пеп и Енрике

Барселона одигра неверојатен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и потсети на златните денови на тимот откако синоќа во „Ел класико“ го совлада големиот ривал Реал Мадрид со убедливи 0-4.

Каталонците можеа да триумфираат и многу поубедливо бидејќи не успеаја да реализираат уште неколку убави шанси за погодок. Чави Хернандез стигна до победа на своето деби на дуелите со Реал Мадрид и стана само третиот тренер кој на своето деби успеал да оствари победа од четири или повеќе гола.

Претходно тоа им успеа само на Фердинанд Даучик во 1951 (7-2) и Хеленио Херера во 1959 (4-0).

 

 

Се вчитува...