ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Некогашниот „џин“ сега во „кома“ во Европа: Милан со пет порази по ред во ЛШ

Милан вчера загуби од Порто 1:0 во натпревар од 3. коло во Лигата на шампионите. Голот го постигна Диаз во вториот дел.

Некогашниот европски шампион никогаш до сега немал три порази во првите три натпревари во групата, а „росоњерите“ се во серија од пет порази по ред во елитното натпреварување.

Милан во 2014 година два пати загуби од Атлетико во 1/8 финалето, а сега има три порази по ред од Ливерпул, Атлетико и сега од Порто.

Милан во последните 10 натпревари во ЛШ има само една победа, шест порази и три нерешени средби. Последна победа е во ноември 2013 година кога го победиле Селтик со 3:0.

Се вчитува...