Килијан Мбаше и во следните години ќе го гледаме во дресот на ПСЖ откако францускиот репрезентативец официјално ја продолжи соработката со парискиот клуб. Веќе на првиот натпревар младиот голгетер прослави со три гола кои интересно му донесоа и легендарен статус во Лига 1.
Имено, 23-годишникот ја заврши сезоната како најдобар стрелец со 28 постигнати голови, а на нив додаде и 17 асистенции со што е најдобриот асистент на првенството. Мбапе е единствениот во франциското првенство кој стигнал до ваков успех.
28&17 – Kylian Mbappé becomes the 1st player to finish as top scorer (28 goals) and top assist provider (17 assists) in Ligue 1 since these two awards are given by the LFP (2007/08). Historic. #PSGFCM pic.twitter.com/jAPsEdoek2
— OptaJean (@OptaJean) May 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА