„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Никој, никогаш, никаде како Ибра

Милан вчера го забележа првиот пораз сезонава во италијанската Серија А, откако во 13. коло загуби на гостувањето кај Фиорентина со 4-3.

Два од трите гола за „росонерите“ ги постигна вечниот Златан Ибрахимовиќ, кој немаше сила сам да го врати својот тим.

Ибрахимовиќ стана првиот човек кој има 40 години, а постигнал два гола на еден натпревар во Серија А, но и два гола во топ 5 лигите во Европа што досега се нема случено.

 

 

Се вчитува...