ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Рајо благодарение на Столе е во најдобра форма во последните дваесет години

Фудбалерите на Рајо Валјекано го совладаа Вилјареал со 0-1 во последниот натпревар од 19. коло во шпанската Ла лига. Камело во 70. минута донесе победа за тимот од Мадрид, но одличен на голот беше и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој со неколку неверојатни интервенции успеа да заврши уште еден меч без примен гол.

Рајо за првпат во овој век има пет натпревари без пораз во Шпанија од кои дури четири победи, нешто што последен пат се има случено во 1999 година.

 

 

Се вчитува...