„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ренџерс против Борусија испиша историја

Шкотски Ренџерс стигна до сензационална победа на гостувањето кај бундеслигашот Борусија Дортмунд од 2-4 во првиот натпревар од шеснаесетина финалето во Лигата на Европа.

Со овој триумф шкотскиот великан стана првиот тим од оваа земја по Хиберниан во 1955 година кој што успеал да постигне четири гола на гостување во едно европско натпреварување.

Сепак, и покрај големата победа се уште не е ништо решено, бидејќи на „милионерите“ во реваншот на гостински терен ќе им биде доволна и победа од два гола разлика барем за продолженија бидејќи не важи веќе правилото гол во гости.

 

Се вчитува...