„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Сите рекорди кои ги урна Шериф Тираспол

Шериф Тираспол вчера приреди сензација откако триумфираше на гостувањето кај Реал Мадрид со 1-2 во 2. коло од Д групата од новата сезона во Лигата на шампионите.

Молдавскиот шампион по две кола има максимален учинок и се наоѓа на првото место во Д сегментот со шест освоени бода.

Тираспол стана првиот тим после Лестер во сезоната 2016/2017 кој ги добил првите два натпревари во дебито во елитата, а исто така е само четвртиот тим во историјата кој во првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“ го добил Реал Мадрид. Претходно тоа им успеало на Јувентус 1962, Арсенал 2006 и Ливерпул 2009 година.

 

 

Се вчитува...