Македонската фудбалска репрезентација синоќа испиша историја откако славеше над Исланд со 3-1 и со тоа се пласираше во баражот за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.
Репрезентативците одиграа феноменален квалификациски циклус и во неколку статистички сегменти тие се меѓу најдобрите. Стоперот на репрезентацијата на Македонија, Висар Муслиу е на делба на првото место со Словакот, Милан Шкринар по најмногу освоени топки во квалификациите. Тој заедно со Муслиу има по 65 па се очекува и по одигрувањето на последните натпревари тој да остане на делба на првото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА