ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Во финале подобро да го немате Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд ја докажа својата врвна класа постигнувајќи вкупно 255 голови на 323 одиграни натпревари на клупско ниво во својата кариера, но еден факт докажува дека тој не е фудбалер за финални натпревари.

Имено, норвешкиот голгетер досега одигра седум натпревари за титула, а во ниту еден од нив не успеа да постигне гол, ниту пак да асистира до соиграч.

Така беше и на последниот таков натпревар во ФА Купот против Кристал Палас, натпревар кој Манчестер Сити го загуби со 1-0 за крај на мизерната сезоната.

Се вчитува...