„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Воскресувањето“ на Пјер-Емерик Обамејанг

Барселона се рехабилитираше по поразот од Кадиз со победа на гостувањето кај Реал Сосиедад во меч во кој херој на каталонците повторно беше Пјер-Емерик Обамејанг. Габонскиот репрезентативец ја затресе мрежата во 11. минута со што стигна до 11 гол во дресот на Барселона во 14 одиграни натпревари.

Интересно, тоа е ист број на постигнати погодоци колку што напаѓачот постигна во претходните 34 натпревари во сите конкуренции за Арсенал па може да се каже дека новата средина позитивно влијае на 32-годишникот.

Се вчитува...