„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Жиру влезе во историјата на Франција, срушен рекорд стар дури 63 години!

Оливие Жиру синоќа успеа да испише нова страница од историјата на фудбалска Франција, откако напаѓачот беше еден од стрелците во победата на „петлите“ против Австрија со 2-0. Офанзивецот го постигна вториот гол на натпреварот во 65. минута, десетина минути откако Килијан Мбапе го отвори резултатот.

Со овој гол Жиру се запиша и во историјата на Франција како највозрасен стрелец, имајќи предвид дека досегашниот рекорд со 35 години и 287 дена му припаѓаше на Роже Марш.

Жиру вториот гол за Франција го постигна со 35 години и 357 дена и така го сруши рекордот што беше сопственост на Марш цели 63 години.

Се вчитува...