Ред Бул Салцбург пропушти шанса да стигне до сензација и да слави против Баерн Минхен во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Австријците на крајот одиграа само 1-1, но можат да жалат што не стигнаа до полн плен бидејќи имаа водство се до 90. минута кога стрелаше Коман.
Водство од 1-0 за Салцбург донесе 20 годишниот Жуниор Адаму во 21. минута од натпреварот. Тој во игра влезе само девет минути порано и стана најбрзата замена во Лигата на шампионите која постигнала гол по легендарниот Тјери Анри во 2005 година против Спарта Прага кога во истата минута стрелаше.
21 – Junior Adamu’s goal for FC Salzburg in the 21st minute against Bayern Munich was the earliest by a substitute in a #UCL game since Thierry Henry against Slavia Prague for Arsenal in October 2005 (also 21st minute). Impact. #SALFCB pic.twitter.com/v14bhGJrcn
— OptaFranz (@OptaFranz) February 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА