Ерлинг Халанд беше стрелец на вториот гол за Манчестер Сити на дерито со Ливерпул, носејќи му целосен пресврт на својот тим од белата точка сред „Енфилд“.
Со тоа норвешкиот голгетер го подобри импресивниот статус забележувајќи го првиот гол на стадионот на Ливерпул со што му остана само еден стадион во елитниот ранг во Англија каде нема постигнато гол.
Тоа е „Стадионот на светлината“, домот на Сандерланд. Оваа година тој беше актер во натпреварот кој заврши со реми без постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

