За Македонија единствени: Комити, Чкембари, Војводи, Лозари, Фаланга….заедничко навивање против Косово

Навивачките групи од Македонија се обединија и ќе навиваат заедно на натпреварот што фудбалската репрезентација ќе го игра на 26.март против Косово на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации. Фудбалскиот национален тим долго немаше организирана поддршка опд навивачките групи, но ќе ја има на најважниот меч, во обидот да се пласира на ЕВРО 2020.

Претставници на навивачките групи денеска во Тетово постигнале договор за заедничко навивање и поддршка за Македонија на мечот против Косово.

„По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли… Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени !“, објави навивачката група „Комити“.

Се вчитува...