За малку чудо: Партизан со Жељко Обрадовиќ со многу мака го освои Задар

Партизан многу потешко од очекувањата стигна до премиерната победа во АБА-лигата откако „црно-белите“ предводени од Жељко Обрадовиќ во самиот финиш го скршија отпорот на Задар триумфирајќи со 73-78.

„Црно-белите“ имаат речиси целосно променет состав во однос на ланската сезона, а невоирганоста дефинитивно е проблем за Обрадовиќ на стартот од сезонава. На тоа се должат и осцилациите во ирата, со кои му беше овоможено на Задар да се врати од двоцифрена неатива и во финишот да се влезе со израмнети 69-69 на четири и пол минути до крајот.

Партизан на две минути пред крајот имаше минимални 73-74, а при „минус три“ шанса за да стане херој имаше Доминик Мавра, но екс-плејмејкерот на МЗТ Скопје и на Карпош Соколи ја промаши тројката за промашување, по што „црно-белите“ благодарение на неколкуте офанзивни скокови во завршницата стигнаа до победата.

Американците Пантер и Мур беа најефикасни кај Партизан со по 14 поени, Аврамовиќ и Трифуновиќ реализираа по 11 поени, додека кај Задар прв стрелец на денешниот меч беше Вуковиќ со 16 поени.

Се вчитува...