За малку хаос: Голманот на Аугсбург провоцираше, навивачите на Вердер тргнаа да го тепаат (видео)

Аугсбург како гостин славеше во Бремен против Вердер со 0-1, во меч со супердраматична завршница во која домашниот тим во 95. минута не реализираше пенал.

Рафал Гикиевич беше херојот на Аугсбург, но гостинскиот голман лесно можеше и да изеде ќотек откако по одбранетиот пенал почна да ги провоцира домашните навивачи. Тие ионака беа нервозни, па десетина од нив веднаш се спуштија од трибината и дојдоа на два-три метри од провокаторот од гостинскиот табор.

За среќа, не дојде до посериозен инцидент откако фудбалерите на Вердер ги смирија страстите кај фановите, а Гикиевич доби жолт картон.

Се вчитува...