За малку избегната физичка пресметка во соблекувалната на Интер, „беснеел“ Лукаку

Интер киксираше на домашен терен ремизирајќи (1-1) со Славија Прага на стартот од Лигата на шампионите. Сето тоа довело до огромна нервоза во соблекувалната на „нераѕурите“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, за малку е избегната физичка пресметка во соблекувалната веднаш по натпреварот со Чесите. Главни актери биле Брозовиќ и Лукаку откако Белгиецот му приговорил дека залудно игра тој самиот кога нема поддршка од средниот ред.

И двајцата се впуштиле во обид и за физичка пресметка, Лукаку посебно „беснеел“, но соиграчите спречиле посериозен инцидент.

Интер викендов го очекува и големиот дерби дуел со Милан.

Се вчитува...