За малку сензација: Еурофарм Пелистер со „седум на шест“ го скрши отпорот на Бутел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до голема победа на гостински терен над Бутел од 21-23 во натпревар од 19. коло во Суперлигата на Македонија.

Дерби натпреварот започна со рамноправна игра на двете страни, постојано се играше гол за гол. Дури во 23. минута домаќините го направија првото водство од два гола разлика, а во еден момент дојдоа и до три гола предност. Во првиот дел ракометарите на Бутел одиграа многу подобро, па на пауза заминаа со предност од 12-10.

Домаќините со гол за три разлика го започнаа и второто полувреме, а оваа предност умешно ја држеа до 44. минута. Во следниот период Бутел влезе во мини криза, па гостите ја анулираа високата предност и дојдоа до реми кое ги врати во игра. Гоце Ојлевски по долго време ги донесе гостите до водство од еден гол во 56. минута, а до крајот на мечот ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да ја сочуваат ваквата минимална предност успевајќи да го скршат големиот отпор и да запишат тешка победа над Бутел.

Златко Мојсоски со пет гола беше прво име кај домаќините, додека кај гостите Јосип Периќ со седум.

Се вчитува...