За Мбапе да остане во ПСЖ лобира дури и претседателот на Франција

Иако делува дека Килијан Мбапе следната сезона ќе оди во Реал Мадрид, сепак, може да дојде до промена, и на крајот тој да остане на „Паркот на принцовите“ и да потпише нов договор. Францускиот напаѓач веќе неколку месеци е тема број 1, и се поврзува со сигурен трансфер на „Бернабе“. Меѓутоа во последно време се псоменува и негово останување.

Според француските медиуми, наводно за негово останување лобира и францускиот претседател Емануел Макрон, а во намерата му се приклучил и некогашниот прв човек на Франција, Николас Саркози.

Во целата приказна се вклучил и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал Тани кој сака во ткеот на Светското првенство во Катар, Мбапе да игра за ПСЖ.

Сепак, шпанските медиуми целосно спротивно. Пишуваат дека во мај Мбапе ќе добие понуда која нема да може да ја одбие. Наводно ќе стане еден од најскапо платените играчи во Светот. Вчера Карим Бензема во интервју за „Л’Екип“ кажа дека кога Мбапе ќе дојде во Реал, тимот ќе постигнува двојно повеќе голови, што беше окарактеризирано како сигурен трансфер.

Се вчитува...