За МЗТ нема проблеми во Гевгелија, лесно се справи со Кожув

МЗТ Скопје Аеродром победнички влезе во Супер лигата откако во стартнот коло од првата половина од оваа натпреварувачка фаза во домашниот кошаркарски шампионат го победи лесно Кожув со 76-88.

Третата четвртина беше одлучувачка за сигурната победа на МЗТ, ја доби со високи 15-31 и со 21 поен предност влезе во последните десет минути од средбата во кои противникот воопшто и не ја загрози првата победа на вицеправкот во суперлигашкиот дел.

Претходно по израмнетите воведни 10 минути, МЗТ направи опиплива предност во втората четртина и на паузата отиде со од пет поени кои ги заработи добивајќи го сегментот со 16-21. воведниот дел заврши со по 21 поен за две екипи.

Иванов одигра одлична партија за МЗТ, постигна 25 поени и го предводеше триото најефикасни во кое се и Вудард со 17 Стојановски со 13 поени. Вилијамс со 22 и Еван Пајн со 16 поени беа нејефикасни кај домашниот состав.

Првото коло од Супер лигата ќе биде комплетирано в среда со одигрувањето на натпреварот меѓу Блокотехна и Гостивар кој беше одложен поради обврските на гевгелискиот тим во БИБЛ лигата.

 

 

Се вчитува...