Секој професионален кошаркар сонува еден ден да заигра во НБА-лигата, а Перо Антиќ е дел од едно мало одбрано друштво од само шест играчи кои се преселиле од другата страна на Атлантикот откако наполниле 30 години.
Екс-капитенот на македонската репрезентација замина од Олимпијакос како двократен шампион на Евролигата и се пресели во Атланта, првиот меч во НБА играјќи го на возраст од 31 година и 93 дена. Во ова избрано друштво е и литванската легенда Арвидас Сабонис (30 години и 319 дена), Антоан Ригодо (31 година, 33 дена), потоа Андре Инграм (32 години и 142 дена), Марселињо Хуертас (32 години 156 дена) и Пабло Приџони (35 години и 169 дена).
Антиќ настапуваше во најсилната лига во светот од 2013 до 2015 година, по што се врати во Европа, потпишувајќи договор со Фенербахче, тим со кој стигна и до третата евролигашка титула во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА