За неверување: Тенисер предаде натпревар на меч топка за противникот

Повеќе од неверојатен крај имаше тенискиот натпревар меѓу Денис Истомин и Ричардс Беранкис…

Узбекистанскиот тенисер Денис Истомин срамно предаде меч на меч топка за противникот. При водство на Беранкис од 6-4, 5-4 и 40-30 во последниот гем, Истомин одлучи дека е повреден и го предаде мечот не дозволувајќи противникот да го освои последниот поен и да стигне до регуларен триумф.

Крајно неспортски потег на Истомин кој веднаш наиде на осуда од тенискиот свет…

Се вчитува...