За повисок пласман, Вардар мора да го урне Порто

Македонскиот ракометен првак и бранител на трoфејот во Лигата на шампионите, Вардар има португалски предизвик во 13.коло од елитното натпреварување. Со обезбеден пласман во осминафиналето, но со желба за повисок пласман на конечната табела, Вардар се соочува со Порто од кого во пресрет на мечот е една позиција повисоко во моменталниот ранкинг.

„Црвено-црните“ имаат победа над Порто сезонава, од скопската пресметка со 32-27, но ситуацијата во клубот е сега драстично измената, финансиската криза кулминираше, а си замина е еден од играчите кои беше клучен за успесите на почетокот од сезоната, Данаис Криштопанс.

Вардар успеа да направи прекин во црната резултатска серија во Лигата на шампионите со победата над Мотор Запоржје и со тоа си го осигура настапот меѓу шеснаесетте најдобри екипи на стариот континент. Во последните две кола од прелиминарниот сегмент, денеска против Порто во гости и следниот викенд против Монпелје на домшен терен, ранетиот Вардар ќе треба да избори поволни исходи за да не влезе во нокаут-фазата од најлошата, шеста позиција на табелата.

„Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот” – изјави во пресрет на натпреварот, тренерот Стевче Алушовски.

Според најавените состави кај Вардар има една промена во однос на тимот кој го победи Мотор Запорожје, крилото Ален Ќосевски е на списокот, а го нема голманот Васил Гогов. И натаму отсуствуваат Дисингер и Кугис.

 

 

Се вчитува...