За првпат во кариерата: Начо се повреди, следи пауза од четири седмици

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо, ќе паузира од фудбалските терени околу три до четири седмици поради истегнување на задниот бутен мускул на десната нога. Шпанецот го напушти теренот по 28 минути игра на мечот против Лас Палмас, па веднаш по прегледите е утврдено дека „кралевите“ извесно време ќе бидат без нивниот „работник“.

Ова е прва повреда во професионалната кариера на 28-годишниот дефанзивец. Последен пат кога поради повреда морал да пропушти натпревари било во деновите кога како дете играл за академијата на Реал.

Начо со сигурност ги пропушта четвртфиналните пресметки против Јувентус, додека во шпанското првенство нема да игра против Атлетико Мадрид, Малага, Атлетик Билбао и против Леганес. Медицинскиот тим го одреди „Ел класико“ како рок за опоравување на фудбалерот со цел да биде достапен за Зидан во големото дерби против Барселона на 6. мај.

Се вчитува...