За првпат во Македонија избор на „Маж на годината“: Признание за успешна работа и за најдобрите од спортот!

Oваа година за првпат во Македонија се организира изборот на „Маж на годината“. Настанот ќе се одржи на 28 ноември во Тренд Гастро Бар, и истиот има за цел да ги награди успешните мажи кај нас, но и да ги мотивира во иднина за успех како на личен план, така и на прфоесионален.

Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Знаејќи дека токму сега е месцот за поддршка на машкото здравје оваа манифестација има за цел да прерасне во традиција секоја година.

Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн машки магазин кај нас FRIDAY.MK и агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC., а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и е препознаен од голем број на компании кои го поддржаа изборот за Маж на годината.

“Да се организира еден ваков настан претставува голема чест и задоволство. Идејата се роди од тоа што Македонија има многу малку настани од ваков тип, а имаме навистина голем потенцијал и квалитет. Нашето заедничко искуство на ФРАЈДЕЈ и МОМЕНТУМ, ни даде за право да организираме настан каде ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас во 10-на категории, да го препознаеме трудот, работата, активностите и на најуспешните од нив да им дадеме призание со што ќе претставува поттик во иднина за секој од нив” – изјавија организаторите.

Инаку изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности,  Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Избор на маж според социјални медиуми. Секоја категорија има свое жири кое дава свои предлози за номинација и се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите.

Се вчитува...