За првпат во Скопје и ВАР…, Мрме со својот вообичаен ритуал (ФОТО)

За првпат во Скопје, во полуфиналето од Лигата на нациите на натпреварот меѓу Македонија и Косово, ќе биде активиран и ВАР системот, како можност за корекција на спорните моменти на дуелот.

Пред почетокот на натпреварот, селекторот Игор Ангеловски го реализираше вообичаено својот ритуал поставувајќи го македонското знаме на првото место од клупата за резервни фудбалери.

Во ВИП-ложата на националната арена „Тодор Проески“, пак, претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини домаќин на делегацијата од Косовската фудбалска федерација.

Се вчитува...