За смртта на Коби Брајант не е виновен пилотот, туку патниците?!

Истрагата за хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант и уште осум лица се уште не е завршена, но семејството на пилотот Ара Зобајан се јави со изјава со која вината за страшната трагедија ја префрли кон патниците во хеликоптерот.

Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, реши да покрене тужба против хеликоптерската компанија, наведувајќи дека пилотот најмен од компанијата е одговорен за трагедијата бидејќи погрешно ги проценил временските услови и кога веќе увидел дека не може да лета, не го приземјил хеликоптерот непосредно по полетувањето.

Сепак, најблиските на Зобајан, кој имаше децениско искуство на вакви комерцијални летови со хеликоптер, сметаат дека вината треба да се бара кај Брајант и останатите патници.

„Трагедијата е резултат на неодговорноста на пањтниците. Тие биле свесни за ризикот и опасноста, но сепак одлучиле да полетаат. Временските услови не биле погодни за лет, но патниците се тие кои инсистирале. Токму затоа, пилотот не може да биде виновен за оваа ужасна несреќа“, истакнуваат од семејството на Зобајан.

Се вчитува...