За „Старата дама“ нема зима се додека Бернардески и Игуаин ги има!

Јувентус ја нанижа и седмата едноподруго победа во Серија А, славејќи со 0-2 на гостувањето против Фиорентина во првиот натпревар од 24. коло.

„Старата дама“ дојде до нови три бода, и тоа како значајни во трката за шампионската титула со Наполи, благодарение на головите на Бернардески во 56. минута и Игуаин во 86. минута од средбата.

По оваа победа, Јувентус со 62 бода се проби на врвот во Серија А со два бода повеќе од сега второпласираниот Наполи. Но, наполитанците имаат и натпревар помалку, оној утрешниот против Лацио пред своите навивачи.

Се вчитува...