За тенисерот со најмногу победи нема дилема: Федерер и Надал не се најдобри ни во својата ера

Легендарниот американски тенисер Џими Конорс кој се уште ги држи рекордите за најмногу победи (1274) и најмногу одиграни натпревари (1557) се влучи во дебатата за кој е најдобар тенисер во историјата.

Според Американецот Рафаел Надал и Роџер Федерер не можат да се мерат со Новак Ѓоковиќ и тој треба да продолжи да настапува се додека може.

„Многу луѓе мислат дека Ѓоковиќ дојде до точка кога ќе каже доста е. За мене тоа е срање. Погледнете ги сите луѓе кои се водеа по тоа дека Федерер и Надал се најголемите на сите времиња, а тие не се најдобри ни во својата ера. Не можат да се мерат со Ѓоковиќ. Луѓето мислат дека му е доста и дека треба да дојде некој друг, но јас гледам на тоа на друг начин. Згази ги сите. Остани на терен и играј додека не дојде некој кој ќе те разбие“, вели Конорс.

Се вчитува...