Денеска во Скопје во основниот кривичен суд беше изречена казната за убиството на Денис Тот кое се случи во април годинава пред ноќен клуб во Скопје. Обвинетите Анџечо Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски судот ги прогласи за виновни за кривично дело убиство.
Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18 години затвор, додека Андреј Костовски доби 16 години затвор за кривичното дело.
Тот беше претепан до смрт на 7. април годинава пред ноќен клуб во Градскиот Парк во Скопје. На претходните рочишта обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за случајот, и дека жалат за немилиот настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА