За ваков старт црвен картон е мала казна (видео)

Црвен картон е преблага казна за голманот на Шалке, Александар Нубел, по бруталниот старт над Гачиновиќ на денешниот дуел против Ајнтрахт. Нубел истрча надвор од шеснаесетникот, Гачиновиќ прв стигна до топката, по што беше брутално фаулиран од страна на домашниот голман.

Засега нема информација за состојбата на фудбалерот на Ајнтрахт, кој веднаш беше заменет и испратен на прегледи во клиниката во Гелзенкирхен.

Се вчитува...