За вакво фијаско не помага „Извинете“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички претрпе катастрофален пораз на дербито со МЗТ Скопје, и тоа во последното дерби во „Градски парк“ со оглед на фактот дека од вториот дел од сезоната „центарци“ ќе мора да го напуштат својот дом и да играат во помодерна арена.

А нивните верни навивачи со право беа бесни на Мираковски и неговите избраници за срамното издание, како во нападот, така и во одбраната, со кое убедливиот пораз од вечниот ривал беше неизбежен.

По мечот, кошаркарите застанаа пред „Сити парк бојс“ барајќи прошка за срамот на теренот, но вакво фијаско дефинитино не се простува само со „извини“.

Се вчитува...