Заболените од COVID-19 во Џенова сепак нема да ја прекинат Серија А

Нема да има прекин на Серија А поради позитивните случаи на COVID-19 во Џенова. Ова е последниот став на министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора. Тој смета дека нма услови за прекин.

„Сакам да бидам оптимист. Уште нема услови за прекин на Серија А ниту пак за разгледување на протоколите и покрај зголемениот број заболени. Сметам дека не е време за тоа. Протоколот е добар каков што е“ – вели Спадафора.

Во текот на денов ќе биде донесена одлука околу тоа дали ќе има одложување на натпреварот меѓу Џенова и Торино закажан за в сабота. Дел од итлаијанските медиуми шпекулираат и со можност за одложување на мечот меќу Јувентус и Наполи затоа што Наполи се сретна во викендот со Џенова во чии редови има дури 14 заболени.

Се вчитува...