Заборавениот Жером Боатенг ќе го засили Лион во последниот ден од преодниот рок. Откако Лион одлучи да го суспендира капитенот Марсел, па клубот мораше да тргне во офанзива и денеска постигна договор. Боатенг немаше многу понуди, но Лион денеска излезе како најконкретен, по што беше потпишан договор за двогодишна соработбка.
Боатенг е слободен играч откако неговиот договор со Баерн Минхен истече летово во јуни, па беше очекувано дека Жером ќе бара нова дестинација. Тој се надеваше на преселба во Премиер-лигата, но откако изостана посериозна понуда од Англија на крајот сепак се реши кариерата да ја продолжи во францускиот шампионат.
Германецот има 33 години и повеќе од сигурно е дека има уште две-три сезони да игра на високо ниво, а интересен ќе биде неговиот дуел со Лео Меси и ПСЖ, по нивната претходна пресметка кога Аргентинецот буквално го патосираше германскиот дефанзивец пред да ја затресе мрежата на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА