Заев: Честитки до Вардар, голем ден за македонскиот фудбал!

Меѓу првите, честитки до фудбалерите на Вардар за големиот успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа испрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев кој потенцираше дека ова е голем и за македонскиот фудбал воопшто.

„Голем ден за фудбалска Македонија! Честитки до ФК Вардар за пласманот во Лига на Европа. Ова е историски успех – прв тим кој ќе ја претставува Македонија на едно големо европско првенство. Вардар ни приреди вистинско уживање на сите и ова е голем ден за македонскиот фудбал. Честитки и за Шкендија за добрата игра и остварениот успех“ – се вели во честитката од премиерот Заев.

Се вчитува...