Загреб до Вардар: За Гаџа мора да се плати отштета!

Трансферот на Адријан Гаџа од Загреб во Вардар воопшто не е завршена работа откако хрватскиот гигант објави дека македонскиот првак мора да плати отштета ако сака да го доведе овој ракометар во своите редови.

„Сите многу добро знаат колкава е оштетата и за работата да биде завршена Вардар ќе треба да ја плати таа сума. Засега тоа не е реализирано, Гаџа се уште е наш играч“, изјави главниот менаџер на Загреб, Божидар Јовиќ.

И самиот ракометар објави дека нема потпишано договор со „вардарци“.

„Немам потпишано ништо, во моментов валиден ми е договорот што го имам со Загреб. Во комбинација беше и Спортинг Лисабон, но засега многу пореално е да заминам во Вардар. Сепак, за трансферот да се реализира неопходно е клубовите да се договорат“, истакна Гаџа.

Се вчитува...