Загреб е првиот патник во финалето на СЕХА лигата

Драмата во првиот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот на СЕХА лигата им припадна на ракометарите на Загреб кои по изведување на пенали успеаја да се изборат за место во финалето на лигата, совладувајќи го Мешков Брест со 38-37.

Во поголемиот дел од првото полувреме двата тима го менуваа водството, а белорускиот тим по 30. минути игра поведе со 16-15 благодарение подобрата игра во самата завшница. Загреб ги консолидираше своите редови во второто полувреме па во два наврата имаше предност и од три гола, но хрватскиот тим не успеа да ја задржи истата.

Белорусите заиграа подобро во нападот и одбраната па успеаја и да стигнат до изедначување, а херојот на Мешков Брест беше Сантанов кој во последните моменти стрелаше за 32-32. Сепак Хрватите беа подобри во изведувањето на пенали со што се изборија за место во големото финале.

Се вчитува...