Загреб го избра Вори пред Обрван

Долгогодишниот хрватски репрезентативец Игор Вори ќе биде тренер на Загреб во наредната сезона, одлучи раководството на најтрофејниот хрватски ракометен колектив. Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван се најде на „финалниот список“ кандидати за оваа функција, но на крајот сепак беше одлучено шанса да му се даде на Вори, токму во Загреб да ја почне својата тренерска кариера.

Челниците на хрватскиот првак се најде во незавидна ситуација да мораат да бараат тренер откако Веселин Вујовиќ неочекувано самиот си поднесе оставка. Како опција беа споменувани и Шола и Кљајиќ, на крај во „финалето“ влегоа Вори и Обрван, за на крајот конечниот избор да падне врз легендарниот пивот на „коцкестите“.

Официјалната промоција на Вори е закажана за утре, кога новиот тренер ќе ја открие и својата визија за тимот и евентуалните засилувања на играчкиот кадар на хрватскиот првак.

Се вчитува...