Загреб потпиша со уште еден хрватски репрезентативец

Екипата на Загреб продолжува со трендот да ги враќа хрватските репрезентативци на домашната сцена, па по потписот на ветеранот Мануел Штрлек, денеска беше официјализиран уште еден трансфер на актуелниот хрватски првак.

Станува збор за Марко Мамиќ, 32-годишен хрватски репрезентативвец кој настапува на позицијата лев бек. Мамиќ доаѓа од редовите на бундеслигашот Лајпциг, а претходно ги има брането и боите на Киелце, на француски Данкерк и на швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен.

Мамиќ во кариерата има над сто настапи за хрватската репрезентација, со која освои сребрени медали на ЕП во 2020 и на СП во 2025 година.

„Ми се допадна целиот проект што ми беше претставен од спортскиот директор Бичаниќ, како ќе изгледа тимот сезонава и како ќе се гради проектот за во иднина. Тоа во прв ред значи продолжување на доминацијата во Хрватска, но и желба Загреб да стане примамлива дестинација и за ракометарите ширум Европа, да се бориме за висок пласман во Лигата на Шампионите. Имаме голем број играчи со кои се познавам од репрезентацијата, така што адаптацијата не би требало да претставува никаков проблем“, истакна Мамиќ.

Се вчитува...