Загревање за Македонија: Косово со две победи над Албанија

Репрезентацијата на Косово, која е прв ривал на Македонија во претквалификациите за СП 2019, забележа две победи над Албанија како дел од подготовките за дуелите со нашата национална селекција што ќе се играат наредниот викенд.

На првиот натпревар одигран во саботата Косово триумфираше со 71-63, додека вториот меч што се играше вчера заврши со уште поубедлива победа од 90-72.

Дардан Бериша беше најдобар поединец на вчерашниот дуел со 25 поени, Албан Весели постигна 20, а Лис Шоши го заврши мечот со 16 поени. Косово летово одигра пет контролни натпревари, бележејќи три победи и два порази.

Македонија новиот претквалификациски циклус ќе го стартува токму со гостување во Приштина, на 2 август.

Се вчитува...