Загревање за полуфинале: Швеѓаните креваат автомобил, за да можат да стигнат на тренинг (видео)

Шведските ракометари имаа неочекувано загревање пред денешниот тренинг во Будимпешта во пресрет на утрешната полуфинална пресметка со Франција.

Имено, пред тргнувањето Швеѓаните забележаа дека тимскиот автобус е блокиран од автомобил пред хотелот, а бидејќи од сопственикот немаше ни трага ни глас, ракометарите решија работите да ги земат во свои раце…

Погледнете како изгледаше овој „тренинг“ на скандинавците…

Се вчитува...