Загрижувачки снимки од Меси: Магијата како да почнува да згаснува (ВИДЕО)

По пресвртот, ПСЖ го совлада Лил со 2-1 во дербито на Лига 1. На овој натпревар парижаните беа загрижени на полувремето каде нивниот тим губеше со 1-0, но и поради повредата на Лионел Меси.

Меси остана во соблекувалната, наместо него влезе Мауро Икарди, но позагрижувачки е снимката која се појави денес.

Имено, на снимката има ситуација за време на паузата каде Меси се држи за задната ложа, а ова не е првпат по доаѓањето во ПСЖ Аргентинецот да се жали на слична повреда.

Во ПСЖ со право се загрижени, но и фановите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Меси очигледно има проблеми со честите повреди и со право се поставува прашањето дали дојде крајот на една ера и дали фудбалската магија почнува да згаснува?

Дали Меси брзо ќе се опорави и каква сезона го чека во дресот на ПСЖ, останува да почекаме и да видиме што ќе донесе времето.

 

 

 

Се вчитува...