Захариевски: Многу нервозен меч, но добро е кога се добиваат такви натпревари

Стратегот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски не го криеше задоволството од освоените три бода против Ренова во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во максимално тврд натпревар со многу борба на двете страни, на крајот за триумф на стружани.

„Двете екипи одигравме тврд натпревар, во кој изобилуваше голема борба во текот на сите 90 минути. Бодовите беа императив за двете екипи, затоа мечот беше многу повеќе нервозен, отколку квалитетен. Но, и такви натпревари е добро кога се добиваат. На крајот мислам дека заслужено победивме и го освоивме целиот плен. Веднаш се насочуваме кон 1/4-финалниот натпревар со Ренова во Купот на Македонија, бидејќи не очекува можеби уште потежок натпревар. Нема многу скриени адути помеѓу нас, ние сме подготвени за набиениот распоред“ – ни изјави по денешниот натпревар Срѓан Захариевски.

Со оваа победа Струга ТЛ се проби на четвртата позиција на табелата веднаш зад водечката тројка, Шкендија, Македонија ЃП и Шкупи.

Се вчитува...