Захариевски: Одигравме одличен натпревар, ремито е можеби најреален исход

Струга Трим Лум продолжува со квалитетните изданија во прволигашката конкуренција одржувајќи го ритамот со врвот.

Реми против лидерот Шкендија за составот на Срѓан Захариевски е секако нов позитивен резултат, иако стружани беа поблиску до победата. Имаше Струга ТЛ водство од 12. минута со голот на Ристевски, а Шкендија израмни со погодокот на Бесарт Ибраими на десет минути пред крајот.

„Секогаш е предизвик да се игра против клуб каков што е Шкендија. Ние не само што им париравме, туку водевме долго време, покажувајќи дека работиме правилно и дека се движиме на вистински пат. Двете екипи до самиот крај на мечот ја бараа и посакуваа победата, затоа можам да констатирам дека за наши, македонски услови беше супер натпревар. Кога ќе се сумира се, ремито беше најреален исход“ – изјави по натпреварот Захариевски за ЕКИПА.

Се вчитува...