Захариевски: Победата против Саса во ниту еден момент не беше доведена во опасност

Струга Трим Лум без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше со 0-2 на гостувањето против Каменица Саса.

Шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски е задоволен од изданието на своите избраници против второлигашот, нагласувајќи дека победата во ниту еден момент не била доведена во опасност.

„Имавме контрола над играта во сите 90 минути иако вториот гол го постигнавме при крајот на натпреварот. Но, согласно се што се случуваше на терен победата ниту во еден момент не беше донесена во опасност” – вели Захариевски.

Се вчитува...