Захариевски: Струга ТЛ беше посреќна во пенал рулетот, но сепак заслужено се пласиравме во полуфинале

Струга Трим и Лум се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија, откако во крајно интересен натпревар во четвртфиналето ја елиминираше фаворизираната Шкендија по изведување на пенали (4-2).

Тренерот на стружани, Срѓан Захариевски вели дека иако тие биле посреќен тим во пенал рулетот, сепак заслужиле да патуваат во полуфиналето.

“Нерешениот резултат беше реален, но на крајот кога дојдоа пеналите ние бевме посреќниот тим. Кога се ќе се сумира, Струга Трим Љум заслужено патува во полуфиналето од Купот”, изјави Захариевски.

Патници во полуфиналето од националниот куп се и Силекс и Македонија ЃП, додека мечот меѓу Пелистер и Вардар беше одложен поради снежната прекривка која го зафати стадионот во Битола.

Се вчитува...