Захариевски за Миленко: Ми годи споредба од човек од сточарството, што мисли дека фудбалската топка е рамна

Објавата на извршниот директор Миленко Неделковски, ги зовре страстите кај поранешниот македонски репрезентативец и поранешен тренер на Вардар, Срѓан Захариевски.

Неделковски повторно со негативна провокација притоа секогаш невкусно злоупотребувајќи ја позицијата во Вардар, овојпат кон екс-тренерите на Вардар, кои, пак, самиот ги поставуваше Срѓан Захариевски, Горан Петрески и Горазд Михаилов.

И сето тоа испратено со фотографија во која е заедно со Гоце Седлоски, Миленко напиша:

„Гоце VS Горазд/Чунга/Срле … Бог и шеширџија“.

На оваа објава реагираше токму едно од најистакнатите имиња во вардаровата историја Срѓан Захариевски.

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна. Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане. Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого… Вардар е на ниво на држава и е над сите нас, и ова ќе го надживее“, напиша Захариевски.

 

Се вчитува...