Захави: Мечот со Македонија е клучен за нас, мора до победа ако сакаме пласман на ЕП

Фудбалерот од средниот ред на израелската репрезентација, искусниот Еран Захави верува дека Израел може да дојде до триумф на утрешниот натпревар против Македонија во Бер Шева, и покрај тоа што се свесни дека ги очекува тежок противник кој игра одличен фудбал.

32-годишниот поранешен член на Палермо и Макаби Тел Авив, а во моментов играч на кинески Гвангжу, потенцира дека ако Израел сака пласман на ЕП тогаш мора да триумфира против Македонија.

„Натпреварот против Македонија е многу важен за нас. Може слободно да кажам дека можеби и клучен во овие квалификации ако сакаме да ја зачуваме и се бориме за таа втора позиција на табелата. Последен пат кога игравме со оваа репрезентација на домашен терен загубивме, и затоа сега сакаме реванш. Не очекува тежок противник но воопшто не сакам да размислувам за евентуален пораз. Не затоа што сме фаворити против Македонија, туку затоа што ако сакаме пласман на Европско првенство овој натпревар ќе мора да го добиеме“ – вели Захави, притоа дополнувајќи:

„По повредата можеби не сум 100% најподготвен, но верувајте ќе дадам и 200% од мене на терен за да стигнеме до трите бода“.

Се вчитува...