Захов искрено за непризнатиот гол: По мечот сите видовме дека топката ја минала гол – линијата

Голманот на Шкендија, Костадин Захов, кој во минатото го носеше и дресот на Вардар, спортски признава дека топката ја помина гол – линијата, но и вели дека судиски грешки постојано се случуваат. Тој во изјава за Макфудбал вели дека сите тоа го виделе по завршување на дербито.

„Во моментот кога топката падна на земја не бев во позиција да видам. После натпреварот сите видовме дека топката ја поминала гол – линијата и дека е судиска грешка. Но, како сите ние што грешиме така и судиите е нормално да погрешат. Сигурно голот што не е признат би донел подинамичен натпревар, но не можеме да гледаме наназад, грешките се составен дел од секојдневниот живот и се надевам дека на следните напревари ќе ги има се помалку“, изјави Костадин Захов за Макфудбал.мк.

Се вчитува...